Ракометарите на Бутел Скопје ја завршија тридневната турнеја во Србија во која одиграа три пријателски натпревари.
Со скратен ростер поради повредите на Спасовски и Крстевски, како и отсуството на Субашевски и Михајловиќ поради кадетското СП, а не играше ниту Василевски, бутелци загубија два пати и еднаш ремизираа.
Српскиот шампион Војводина славеше против Бутел со 32-21, додека тимот на Партизан исто така го совлада скопскиот тим со 37-28.
Со денешното реми со Уб, 33-33, заврши серија од три средби во три дена. Тренерот Горан Кузманоски им даде поголема минутажа на младите ракометари.
Следен предизвик за Бутел Скопје ќе биде настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид од 23 до 26 август.