Откако вчера први на терен излегоа ракометарите на тимовите од Групата А од Супер машката лига денеска на натпреварите се враќаат и составите од Групата Б каде што се закажани трите дуели.
Според програмата денеска ќе има натпревари во Скопје, Кавадарци и Богданци.
Се очекува да биде интересно на двата дуели од 19 часот. Домашните треба да се во предност пред почетокот на средбите, но ова не е никаква гаранција бидејќи ќе треба тоа да се потврди и на теренот.
Младите битолчани се покажаа во одлично издание досега и тие би требало да одработат одново во висок стил и тоа е најава за добар дуел во Бутел.
Во Кавадарци, на ГРК Тиквеш е да се обиде да дојде до нов триумф, но прилепчани знаат да одиграат добро против секого и тоа е можност да биде виден интересен ракомет во кој нијанси можат да одлучуваат за бодовите.
СУПЕР МАШКА ЛИГА, ГРУПА Б
ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО
ЧЕТВРТОК, 22 ОКТОМВРИ
19:00ч
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
Сала: „Антон Димитров“ од Скопје. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.
ГРК ТИКВЕШ – ПРИЛЕП
Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.
20:30ч
МЛАДОСТ 1977 – МЕТАЛУРГ
Сала: „Млаз“ во Богданци. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.
РАБОТНИЧКИ е слободен