Бутел Скопје мисли на иднината – потпиша со пет кадетски репрезентативци на Македонија!

Тимот на Бутел Скопје ги засили своите редови со петмина кадетски репрезентативци, кои лани беа дел од прволигашки клубови.

Станува збор за десното крило Бојан Спасовски (18/182/76), голманот Дино Трајчевски (17/184/83), пикерот Стефан Стојчевиќ (17/206/99), средниот бек Марко Митев (17/182/73) и левиот бек Едвин Омерагиќ (17/197/94).

Претходно македонскиот претставник во Лигата на Европа ги продолжи договорите со носителите на играта од минатата сезона и повторно се очекува да игра важна улога во Суперлигата.

Бутел Скопје две години е член на елитното друштво и вторпат тимот предводен од Кристијан Грчевски ќе игра во европските купови.