Екипата на Бутел Скопје која во следната сезона ќе има можност да игра во Европската лига односно во квалификациите за пласман во групната фаза веќе го формира тимот со кој ќе се обиде да дојде до добри резултати.
Според последните информации уште еден од ракометарите кои играа и минатата сезона во тимот го продолжи својот договор. Се работи за левиот бек Јовица Младеновски, кој важи за еден од подобрите во првенството односно Супер лигата. Тој е играч кој има голема минутажа и е еден од поважните во одбраната на Бутел Скопје.
Со потпишувањето на Јовица Младеновски тимот на Бутел Скопје решава големо прашање во бековската линија и во одбраната.
Инаку, тој дојде во Бутел Скопје пред две години, а сега потпиша договор на една година.