Екипата на Бутел Скопје во рамките од 12. коло од Супер лигата забележа важна победа против Прилеп со резултат 26:23.
Ракометарите на Прилеп добро се држеа во првите 30 минути. Избраниците на Горан Кузманоски на самиот старт имаа предност од 2:1 и 4:2. На голот расположен беше интернационалецот од Грузија, Зураб Цинцадзе кој бранеше одлично и поради него, ракометарите на Бутел Скопје не можеа да изградат поголема предност. Гостите од Скопје преку Мојсоски, Тот и Младеновски успеаја да го скрши отпорот на домаќинот во последната третина од првиот дел и на полувреме заминаа со солидна предност од 13:10.
Бутел Скопје во второто полувреме со головите на Јефтиќ и Мајиќ се одлепи на највисоки шест позитива, 16:10. Чаневски со своите одбрани полека ги откажуваше домаќините. По осум минути игра во вториот дел, ракометарите на Бутел Скопје стигнаа до седум гола разлика, 17:10.
По алармот од домашната клупа и советите од тренерот Кузманоски, домаќините со серија од 4:0 го намалија водството на противникот на минус три, 14:17. Бутел Скопје успеваше да одржи резултатска контрола, најчесто од четири до пет гола разлика. На десет минути пред финишот, гостите имаа предност од 21:17. Прилепчани во неколку наврати намалија на три негатива, но поискусната екипа на Бутел Скопје секогаш успеваше да биде чекор пред домаќинот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА