Ракометарите на Бутел Скопје дојдоа до победа од 29:21 против Еурофарм Пелистер 2 во дербито од Супер машката лига и на тој начин се изборија за нови три бода. Со новата победа тимот од Бутел ја зацврсти 3. позиција зав Еурофарм Пелистер и Вардар така што засега има сигурно место на табелата.
Од почетокот на натпреварот се виде дека ракометарите на Бутел Скопје имаат контрола на играта. Почетните 3:0 покажаа дека гостите од Битола ќе имаат тешка задача. Иако средбата продолжи израмнето и главно гостите успеваа да израмнуваат, сепак, домашните беа во константна позитива.
Водството беше гол или два, но Бутел Скопје имаше контрола. Се казнуваше и најмала грешка, а и голманите наоѓаа можност и свои моменти за да успеат да се истакнат.
Во вториот дел од натпреварот голманите не беа на нивото во првите неколку минути. Тоа отвори простор за поефикасна игра, па и ракометарите на двете екипи беа ефикасни и лесно реализираа. Доаѓаа до погодоци со кои ја зголемуваа предноста и на тој начин успеваа да дојдат до зголемување на бројот на голови.
Разликата остана еден или два гола до 19:17 кога почна менувањето на ритамот. Бутел Скопје набрзина успеа да казни неколку грешки на гостите и во 52. минута да стигне до 24:17. Тука веќе беше решен победникот. Домашните знаеја како да ја зачуваат предноста и да стигнат до висока победа.
На крајот беше 29:21 што потврди уште еднаш дека Бутел Скопје има тим кој може сезонава до 3. место на табелата. Ќе биде интересно до крајот, но засега ракометарите на Бутел Скопје успеваат да се позиционираат веднаш зад двете најдобри екипи во Супер лигата.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА