Екипата на Еурофарм Пелистер со победа од 26:29 си замина од Скопје од двобојот против Бутел Скопје со што ја оправда улогата на фаворит иако наиде на силен отпор.
Од почетокот на средбата се виде дека составот на Бутел Скопје ќе може да даде отпор и да парира. Играше одлично и неколку минути беше израмнето. Сепак, после средината на првото полувреме дојде до нешто подобра игра во која гостите одработија нешто подобро и дојдоа до 11:8.
Оваа разлика остана и во продолжението од првото полувреме кое финишираше со три гола предност за тимот од Битола. Малата разлика на теренот беше крунисана со 16:13 после 30 минути игра.
Во продолжението надигрувањето беше во ист стил, но немаше големо зголемување на разликата. Гостите ја контролираа предноста, но не направија преголема разлика која би дала сигурност. Место тоа мораше до крај да има потење.
Домашните влегоа посилно во финишот и се обидоа да дојдат до изненадување, но немаше ниту време ниту простор. Оттаму остана разликата од првото полувреме, па на крајот Еурофарм Пелистер ги обезбеди трите бода со победа од 29:26.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА