Тимот на Бутел Скопје на домашен терен во последниот натпревар од суперлигашкиот плеј-оф игра против Охрид, а пред стартот на мечот им беа доделени благодарници на петмина ракометари, како и на тренерот Кристијан Грчевски.
На крајот на оваа сезона од Бутел Скопје заминуваат Мирко Мајиќ и Владимир Јевтиќ. Црногороското лево крило го носеше дресот на Бутел пет сезони, додека Јевтиќ играше на последните две.
Покрај нив од тимот заминуваат левите бекови Јовица Младеновски и Мартин Манасков, како и голманот Филип Ивановски.
Раководството на Бутел пред стартот на натпреварот им додели пригодни подароци и благодарници за тоа што го направија за клубот.