Тимот на Бутел Скопје го комплетираше играчкиот ростер пред утрешниот старт на подготовките за новата сезона.
Најновото име е левиот бек Иван Андревски, кој се враќа во составот на Бутел Скопје и потпиша договор на две сезони.
Андревски претходно играше за Металург РА и за Јуниор КВ, а тој е петото засилување по голманот Александар Стојаноски, левите бекови Лука Иваниќ и Марко Стојанов, како и десното крило Дамјан Георгиев.
Бутел Скопје претходно го ангажираше тренерот Горан Кузманоски, а договорите ги продолжија Дејан Михајловиќ, Кристијан Василевски, Владимир Јевтиќ, Кристијан Давитковски, Димитар Ѓоргиевски, Стефан Крстевски, Бојан Блажески и Наум Симјановски.
Во рамките на подготовките за новата сезона Бутел Скопје ќе биде дел од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“.