Бутел мисли на иднината – донесе двајца млади ракометари

Управата на Бутел Скопје уште еднаш покажа дека мисли на иднината и донесе двајца млади и талентирани ракометари, кои во следните три сезони ќе ги бранат боите на Бутел Скопје.

Станува збор за левиот бек Илија Табаков, кој доаѓа од прволигашот Борец Велес и има 18 години, како и за Андреј Петрушевски, кој исто така има 18 години, доаѓа од екипата на Вардар и настапува на позицијата десен бек.

Претходно во Бутел Скопје дојде левото крило Дамјан Субашевски од Металург РА, а беа потпишани професионални договори со петмина ракометари од младинската школа.

Беше продолжен договорот со стратегот Кристијан Грчевски, како и со пивотите Владимир Јевтиќ и Стефан Стојчевиќ, бекот Томче Стојановски, а нови засилувања се голманот Филип Ивановски, и бековите Мартин Манасков, Стефан Крстевски и Филип Николов.