Бутел договори голман – доаѓа Александар Стојаноски

Искусниот чувар на мрежата Александар Стојаноски во следната сезона ќе го брани голот на Бутел Скопје.

Стојаноски, кој потекнува од Струмица, настапуваше за Зомимак, Младост Богданци, Борец, Струга, Охрид, Јуниор КВ, Тиквеш и за босанската Искра Бугојно.

„Чест и задоволство е да е носи дресот на Бутел Скопје, клуб што секоја година е во врвот на македонскиот ракомет. Клубот го краси одличната атмосфера, другарство и борбата на терен, па секој би сакал да дојде овде. Имаме одличен млад тим, а заедно со тренерот Горан Кузманоски кој е желен за работа и успеси, верувам дека сите заедно ќе напредуваме и ќе ја оствариме зацртаната цел на клубот, вели Стојаноски.

Претходно Бутел Скопје го ангажираше стратегот Горан Кузманоски, десното крило Дамјан Георгиев и левиот бек Лука Иваниќ.

Соработките беа продолжени со голманот Бојан Блажески, десниот бек Кристијан Давитковски и средниот бек Димитар Ѓоргиевски.