Тимот на Бутел Скопје славеше над Младост Богданци со 28-25 во последниот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната и дуелите во Купот на Македонија.
Двата тима одиграа борбено како да се работи за натпревар за бодови, но ка крајот сепак победи тимот што ќе игра во плеј-офот.
Во тимот од Богданци се истакнаа голманот Паунков, како и новите засилувања – бекот Лошчаков и пикерот Гончаров.
Во составот на Бутел Скопје, пак одлично одигра пикерот Јевтиќ, а шанса за настап од тренерот Грчевски добија сите ракометари.