Тимот на Бутел Скопје го комплетира ростерот со кој ќе се натпреварува во претстојната суперлигашка сезона.
Еден од столбовите на одбраната на бутелци, Кристијан Василевски, ја продолжи соработката и следната сезона ќе ги брани боите на овој клуб.
Искусниот и борбен кружен напаѓач Василевски е долго време во Бутел по трансферот од Пролет.
Откако Василевски го продолжи договорот, Бутел го задржа триото пивоти од минатата сезона, бидејќи нови соработки потпишаа и Дејан Михајловиќ и Владимир Јевтиќ.
Бутел Скопје го донесе тренерот Горан Кузманоски, а нови ракометари се бековите Лука Иваниќ и Марко Стојанов, десното крило Дамјан Георгиев и голманот Александар Стојаноски.