Екипите кои го имаат обезбедено местото во плеј-офот во Супер машката лига, Бутел Скопје и Охрид одиграа интересен и неизвесен натпревар во рамки на 15. коло. Како победник од овој дуел излезе домашниот тим кој славеше со 22:20.
Во првото полувреме се играше потполно израмнето и ниту една екипа не успеваше да направи поголема предност се до звршните минути кога Бутел Скопје беше поконцентриран и обезбеди три гола позитива. По 30 минути игра беше 12:9 за домашниот тим.
Продолжението донесе подобро отворање на Бутел Скопје и контрола на играта и резултатот во почетните минути. После почетните десет минути од вториот дел Охрид влезе во добар ритам во одбраната, успеа да ги сопре нападите на Бутел и со серија од 4:0 израмни на 18:18. Домашните не дозволија пресврт на резултатот и со два последователни гола го вратија водството.
Во последните пет минути се влезе со 20:19 предност за Бутел Скопје кој до крајот успеа да ја задржи предността и да стигне до победа во дерби дуелот. Најефикасен во составот на Бутел беше Мајиќ со шест гола, а Печенковски постигна пет. Во тимот на Охрид со четири гола беше најпрецизен Денис Тот.
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД 22:20 (12:9)
Сала: Антон Димитров во Скопје. Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.
БУТЕЛ СКОПЈЕ: Димов, Младеновски 1, Јовановски, Ѓоргиевски, Божиновски, Димовски 3, Спасовски, Мојсоски 3, Милошески, Печенковски 5, Даскаловски, Блажески, Василевски 1, Мајиќ 6, Сулима 3, Николиќ.
Седмерци: 4/6. Исклучувања: 6 мин.
ОХРИД: Брауновиќ, Андоновски 3, Кривпокапиќ 1, Блажески 3, Костов, Николов 3, Тсителишвили, Соколов 1, Тасески 3, Манасков, Ивановски 1, Ристески, Димитриески, Анастасовски 1, Тот 4, Даниловски.
Седмерци: 2/2. Исклучувања: 16 мин.