Ракометарите на Бутел Скопје пред стартот на дуелот со Еурофарм Пелистер се појавија со специјални маички.
Тие на загревање носеа маички со ликот на нивниот доскорешен соиграч Денис Тот, кој трагично го загуби животот.
Натпреварот со Еурофарм Пелистер кој е прв на Бутел Скопје по трагичниот настан, започна со минута молчење.
Хрватскиот интернационалец настапуваше една сезона за Бутел Скопје.