Бурни реакции во Хрватска против одлуката за поништување на сезоната

Хрватската ракометна федерација донесе одлука за поништување на сезоната, а многу клубови го искажаа ставот и несогласувањето со ваквата одлука. Најгласни се екипите кои беа на водечките позиција во првата и втората лига.

Во женска конкуренција екипата на Подравка беше водечка и многу блиску до одбрана на титулата, па оттаму и незадоволството во клубот од Копривница.

„Останува да жалиме што федерацијата не најде начин да го заврши шампионатот со оглед на тоа што се одиграа повеќе од 60 проценти од натпреварите, или 19 од 26 кола. Подравка има предност од четири бода во однос на второпласираната Локомотива Загреб, можеби требаше да се прогласи за шампион, бидејќи беше многу вееројатно дека Подравка ќе ја одбранеше титулата. Ние ја почитуваме одлуката на ХРС, но сметаме дека можеа да прогласат шампион според состојбата на табелата“, се вели во соопштението од Подравка.

Освен Подравка незадоволни од поништувањето на сезоната се Трогир и ЖРК Замет. Троогир беше на чекор до пласман во најдобрата лига откако беше на првата позиција со седум бода предност пред конкурентите.

„Сметам дека оваа одлука најмногу не погодува нас и сите клубови кои се на првото место на табелата во овој момент. Одлуката никако не е праведна, клубовите на дното од табелата се наградени, додека ние што се трудиме и вложуваме сме казнети. Требаше да се погласи крај на сезоната според актуелната ситуација на табелата“, рече претседателот на клубот Трогир.

Екипата од Риека, ЖРК Замет имаше перфектни 16 кола и исто толку победи што значеше сигурно враќање во најдобрата женска лига, но сега ќе мораат да почекаат до наредната сезона за да изборат пласман. И кај нив очигледно е незадоволсвото.

„Ние сме длабоко разочарани и шокирани од донесената одлука и се чувствуваме  изневерено. Оваа одлука нè враќа назад, ги уништува нашите темели. Ние сме на мислење дека требаше да биде потврдено нашето прво место на табелата затоа што сме подготвени да се вратиме во првиот ранг, каде што заслужуваме да бидеме“, истакна во жалбата упатена до ХРС претседателката на клубот Ива Лесјак.