Буриќ врескаше од болка, на раце беше изнесен од теренот (ВИДЕО)

Огромен малер за германскиот Фленсбург на крајот на сезоната. Покрај загубеното четвртфинале од Алборг, се чини дека на подолго време го загубија и голманот Бенјамин Буриќ. Во 24 минута, при обид да одбрани пенал Буриќ ја повреди задната ложа. Тој вресна од болка и во салата настапи молк, а според тоа како беше изнесен од теренот, станува јасно дека се работи за потешка повреда. Погледнете....