Од следната сезона во Бундес лигата ќе се користи видео проверка на спорни ситуации на натпреварите.
Раководството на најсилната ракометна конкуренција на последниот состанок реши дека праксата од европските купови и репрезентативните натпреварувања ќе ја има и во Германија.
Судиите ќе можат да побараат видео проверка за некоја ситуација, за која нема да бидат сигурни во својата одлука.
Своето „деби“ во Германија, ВАР системот ќе го има на Суперкуп дуелот меѓу Рајн Некар Левен и Кил на 23 август во Диселдорф.
ВАР системот е веќе воведен и во Македонија, но се користи само на дерби натпревари на кои националниот сервис МТВ врши директен пренос.