Булатовиќ ќе го предводи вториот тим на Будуќност

Поранешната репрезентативка на Црна Гора, Анѓела Булатовиќ започнува тренерска кариера. Црногорката ќе биде тренер на вториот тим на Будуќност и ќе се обиде ракометното искуство да го пренесе на најмладите подгоричанки.

Во вториот тим на Будуќност тренер на голманите е Мирјана Миленковиќ, поранешна репрезентативка на Црна Гора.

Булатовиќ ќе го наследи подмладокот на Будуќност кон крајот на февруари и ќе продолжи да го води тимот во домашниот шампионат и Купот на Црна Гора.

Булатовиќ во својата ракометна кариера го носеше дресот на Крим, Ростов и ЕРД. Во 2019 година во дресот на Будуќност ја одигра својата последна сезона. За селекцијата на Црна Гора има одиграно 122 натпревари и постигнато 177 голови.