Црногорскиот шампион Будуќност продолжува да го комплетира тимот за следната сезона.
Нови ракометарки во тимот на Бојана Поповиќ ќе бидат десниот бек Тања Ашанин и десното крило Анастасија Марсениќ.
Ашанин во редовите на Будуќност ќе пристигне од некогашниот европски гигант Валчеа. 26-годишната ракометарка во 2021 година дебитираше за сениорската репрезентација на Црна Гора.
Марсениќ во последните две сезони е дел од норвешкиот Молде, клуб кој освен на домашна сцена се натпреварува и во Лига на Европа.
Будуќност за следната сезона ги ангажираше и двете репрезентативки на Турција, Бејза Карачам и Неслихан Чалискан, потоа ракометарката на ЧСМ Букурешт и репрезентативка на Франција, Калиадату Ниакате, искусната голманка на Германија, Ана Катрин и Ноеми Хафрра, која од Ѓер ќе оди на позајмица во тимот на Поповиќ.
Официјално, клубот на лето ќе го напуштат Матеа Плетикосиќ и Илда Кепиќ. Плетикосиќ во следната сезона ќе го носи дресот на Корона Брашов, додека Кепиќ ќе настапува за Магура Чиснадие.