Шампионот на Црна Гора, Будуќност и после една деценија ја продолжува соработката со тренерот, Драган Аџиќ, кој потпиша нов договор. Тој останува тренер на најдобриот тим на Црна Гора така што ќе го предводи и во новата сезона во која Будуќност ќе се обиде да дојде до Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.
Аџиќ седна на клупата на Будуќност во јануари во 2010 година после испаѓањето на тимот од групната фаза од Лигата на шампионите. После само неколку месеци на клупата успеа да му го донесе третиот европски трофеј на тимот и тоа во Купот на победниците на куповите и така си го обезбеди своето место во клубот на подолг период.
Само две години подоцна беше исполнет сонот и беше кренат пехарот во Лигата на шампионите после финалето со Ѓер, а три години потоа беше освоен уште еден трофеј после победата над Ларвик.