Тимот на Будуќност за следната сезона ќе остане без услугите на левиот бек Ѓурѓина Јауковиќ, која ќе го има својот прв интернационален предизвик.
Црногорската репрезентативка потпиша со францускиот тим Брест Бретањ договор на две години, со можност да биде продолжен на уште една сезона ако двете страни се задоволни од соработката.
Јауковиќ имаше понуди и од рускиот Ростов Дон и романскиот ЧСМ Букурешт, но сепак се реши за француски предизвик. Во Брест треба да биде замена за германската репрезентативка Евгенија Миневскаја.
Брест оваа сезона игра одлично во Лигата на шампионите и обезбеди место во четвртфиналето, а два пати беше подобар од Будуќност каде што во моментов игра Јауковиќ