На три кола пред крајот Будванска Ривера ја обезбеди титулата шампион на Црна Гора која е нејзина втора во историјата.
Тимот предводен од Дејан Драгниќ ја запиша и 19. победа во исто толку натпревари откако го совлада Рудар со 35:32.
Во овој натпревар десет играчи на домаќините се запишаа во листата на стрелци, а најефикасен беше Лука Николиќ со 10 гола.
Ловќен кој ќе мора да се задоволи со втората позиција, победи против Даниловград на гости со 42:24, девет гола постигна Дарко Пејовиќ и осум Данило Пајовиќ.