Бугариновиќ: Може да жалиме што не победивме, но ремито е најправедно

Екипите на Охрид и Струга одиграа возбудлив и драматичен натпревар во езерското дерби кое заврши без победник.

Средниот бек на стружани, Петар Бугариновиќ, кој со 4 погодоци беше еден од подобрите кај гостите, вели дека имаат за што да жалат бидејќи имале водство во поголем дел од дерби дуелот.

„Пред се мислам дека публиката денеска  можеше да виде еден добар ракомет. Навистина еден убав дерби натпревар. Може да жалиме што заврши нерешено, бидејќи имавме предност од три гола на полувреме. Не стигна уморот и паднавме во последните минути од натпреварот. На крајот домаќините поведоа, па добро е и што стигнавме да се вратиме резултатски. Можеби и ова е најправедниот резултат”, изјави Бугариновиќ.

Во последното коло од регуларниот дел, тимот на Струга на свој терен ќе го пречека актуелниот шампион Вардар, додека Охрид ќе гостува кај Вардар Неготино.

Бод злато вреден: Охрид е последниот патник во плеј-офот!