Тимот на Струга го запиша првиот суперлигашки триумф во новата сезона, откако славеше над Куманово во драматичен натпревар со 21-20.
Гостите водеа со 2-4 на стартот, но домашните со три гола во серија се вратија во игра и поведоа со 5-4. Беше 6-6, пред стружани преку Маркоски и Бугариновиќ да погодат за 10-8 во 26. минута. Оттогаш до крајот на полувремето двете екипи не погодуваа, па на пауза се замина со истиот резултат.
Кумановци не се откажаа во вториот дел и израмнија на 11-11, а потоа во последните десетина минути се влезе со реми, 16-16.
Избраниците на Жарко Ферукоски во финишот се одлепија на плус три, 20-17, а таа серија беше клучна за триумфот. Бугариновиќ со голот од пенал на минута до крајот зголеми на 21-29, а поразот го ублажи Тасевски со голот во последните мигови од мечот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Бугариновиќ со осум, Блажески со пет и Костоски со четири погодоци, додека кај Куманово се истакна Мрвовиќ со девет гола и Тасевски со четири гола.