Бројките на страна на Словенија, Македонија има две минимални победи и негативен биланс

Пред денешниот дуел со селекцијата на Словенија ги преброивме досегашните дуели против Словенците и бројките не се воопшто добри за ракометарите кои го носат дресот на националниот тим на Македонија.

Репрезентативците на Македонија досега имаат две победи, а двете ги обезбедија на Европските првенства во 2012 и 2018 година во Србија и во Хрватска. И на двата дуели победите се минимални со по еден гол.

Покрај ова има и две нерешни средби, но и девет порази. Ова се 13 средби во кои бројките се далеку на страната на противникот и дефинитивно ова е најава за тежок натпревар и денеска особено што Словенците се во далеку подобра форма и со многу посилен состав.

ДОСЕГАШНИ МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

2015

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА    28:30

2017

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА    22:29

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

2012

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА    28:27

2018

МАКЕДОИЈА – СЛОВЕНИЈА       25:24

БАРАЖ ЗА ЕП 2008

СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА    33:28

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА    32:33

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

1998

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА     22:30

2004

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА    24:30

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА    24:30

2013

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА    25:31

2016

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА    28:28

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА    23:23

2020

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА    28:33