Женската репрезентација на Црна Гора по пауза од десет години повторно освои медал на големите натпреварувања.
Црногорките на Европското првенство 2022 со победата над Франција од 27:25 се израдуваа на бронзата и освоеното трето место на континенталниот собир, кој се играше во Македонија, Црна Гора и Словенија.
Избраничките на Бојана Поповиќ сѐ надминаа себе си во дуелот против актуелниот олимписки првак и заслужено дојдоа до бронзениот медал.
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ реши да ги награди црногорските ракометарки и да им додели орден за заслуги од прв степен во чест на достојното претставување на државата на Европското првенство и остварениот голем успех.
Меѓу наградените ракометарки беа и двете екс членки на Вардар, Јованка Радичевиќ и Итана Грбиќ. Јованка Радичевиќ, која по ЕП официјално ја заврши репрезентативната кариера заедно со Итана Грбиќ беа носителите на играта во црногорската репрезентација.
View this post on Instagram