Во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите во женска конкуренција, Брест Бретањ и Ѓер одиграа без победник, 21:21. Ѓер на овој натпревар беше драстично ослабен со отсуството на Кари Братсет Дале и Силје Солберг.
Брест Бретањ во првото полувреме одигра во одлично издание и уште од стартот покажа дека може да се носи против Ѓер. Екипата од Унгарија имаше многу проблеми во организацијата на нападите, па поради тоа беше во резултатска негатива од 10:5 во 20 минута. Ракометарките на Амрос Мартин се обидоа да фатат приклучок, успеаја да намалат и да останат во игра. По 30 минути, резултатот беше 11:8 за домаќинот.
Како што сѐ и очекуваше, Ѓер се врати на натпреварот, но дури во 50 минута кога при негатива од 18:16 дојде до првото водство од 18:19. Во последните десет минути продолжи големата борба за секоја топка и само нијанси одлучуваа каков ќе биде исходот. Се играше гол за гол, па така ниту една од двете екипи не успеа да ја задржи минималната предност.
Реваншот е закажан за 7 мај во Унгарија. Победникот ќе обезбеди пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта и ќе има шанса да се бори за титула во Лигата на шампионите.
Во останатите четвртфинални двојки се среќаваат екипите на Крим и Вајперс Кристијансад, како и ЧСМ Букурешт и Есбјерг. Со дисквалификацијата на Ростов Дон од страна на ЕХФ, екипата на Мец обезбеди директно учество на фајнл-фор турнирот во Будимпешта.