Македонија и Грузија денеска од 16 часот ќе одиграат уште еден контролен натпревар, а на него ќе има две измени во составот.
Селекторот Данило Брестовац денеска нема да смета на Дејан Манасков и Филип Кузмановски, кои вчера беа на теренот на првата средба против Грузијците. На нивно место денеска ќе ги има голманот Марко Кизиќ и бекот Михајло Младеновиќ.
Според тоа денеска во составот се најдоа: Ристовски, Томовски, Кизиќ, Велковски, Димитриоски, Лазаров, Талески, Костески, Танкоски, Крстевски, Кукуловски, Поповски, Младеновиќ, Пешевски, Јагуриновски, Маџовски, Димитриевски, Мишевски и Арсеновски.