Македонија загуби убедливо од Шведска со 32-30 во првото коло од Светското првенство во Египет.
Селекторот Данило Брестовац вели дека очекува подобро издание на националниот тим во дуелот со Египет.
„Сакам да им честитам на Швеѓаните, тие беа подобри од нас, подобри во ситуациите еден на еден и заслужија да победата. Се надевам повторно ќе се сретнеме во блиска иднина. Се надевам дека ќе бидеме подобри против Египет, ќе се подготвиме за тој дуел и се надевам ќе оствариме добар резултат“, вели Брестовац.
Во второто коло Македонија ќе има тешка задача против домаќинот Египет, додека Шведска ќе се сретне со Чиле.