После поразот од Шведска, ракометарите денеска немаат време за одмор туку мораат да продолжат со работа. Тие мораат да влезат далеку поангажирано отколку што беше случај и на двете контроли со Чиле и на првата средба на СП.
Селекторот Брестовац имаше свое видување на она што се случи на првата средба.
„Последните 48 часа беа премногу напорни. Се слагам со критиките дека не бевме подготвени. Ние бевме подготвнеи да си одиме дома, но дојде покана за настап на Свесткото првенство. Дојдовме во Египет и сите ја знаеме нашата цел. Знаеме дека влеговме тука со вајлд карта. Сакаме да ја искористиме на најдобар начин. Оваа ререзентација е во создавање. Финалната глазура треба да ја има на следното Европско првенство. Поразот не боли толку колку што боли моментот дека ова беше како дебакл. Тешко ми беше премногу после натпреварот бидејќи не очекував на крајот да испадне вака“, рече селекторото Брестовац на денешниот брифинг.
Имаше потфрлување во неколку сегменти од играта, а според селекторот имаше и добри страни кои ги образложи во своето излагање.
„Сите се нетрпеливи и сакаат тоа да биде преку ноќ. Македонецот не е научен да создава туку сака преку ноќ. Треба да имаме циклус. Јас имам договор три години, а тече втората. На вчерашниот натпревар имавме добри работи нови крила. Имаме освежување во репрезентацијата. Задната линија им е добро позната на сите. Вчера беше слабо, потфрливме во играта 1-1 и 2-2. Јас на моите играчи им верувам и знам дека можеме повеќе од ова. Ова не е клише. Го мислам ова. На пат сме да создадеме добра репрезентција која ќе биде на располагање на македонската јавност во следните 15 години. Се работи за квалитетни момци. Има обвинувања дека не се најдобри, но тоа се празни муабети од ракометни лаици“.
Тој смета дека Шведска не е во Б состав како што се зборува бидејќи и овие играчи кои сега се во тимот.
„Многу се зборуваше и за тоа дека селекцијата на Шведска е со Б тим. Па десет играчи играат во Бундес лигата, играат во Монпелје, Иври, Флензбург, Рајн Некар, Кил.. Резулатот е голем игравме со многу ротации. За краток временски период правевме тестови. До доцна не можевме да влеземе во хотелот. Игравме слабо, не бевме доволно борбени и подвижни. Некои дојдоа на климатизација неколку дена, а ние во неколку часа моравме тоа да го поминеме. Најтешко им беше на момците на терен да го изнесат сето она што се случуваше на тој натпревар до крај“, изјави Брестовац.
Денеска ќе следува прво видео анализа за следниот противник, Египет, а потоа ќе следува и тренинг каде ќе треба да се одработи сето она што е замислено за средбата против домаќинот.