Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, одбра 19 ракометари за првиот пријателски дуел со Грузија.
По триумфот на Турција и ремито со Италија, нашата селекција во најсилен состав ќе оди на победа против третиот ривал во оваа ЕХФ недела.
Состав на Македонија: Мартин Томовски, Борко Ристовски, Димитар Димитриоски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Мартин Поповски, Ненад Костески, Филип Талески, Филип Кузмановски, Дејан Кукуловски, Марко Мишевски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Мартин Велковски, Кирил Лазаров, Томислав Јагуриновски, Горан Крстевски, Жарко Пешевски, Филип Арсеновски.
Бидејќи се работи за пријателски натпревар, Брестовац реши во ростерот да има 19 наместо 16 играчи. Од оние 22 што тренираа вчера и утрово, ги нема Михаил Аларов, Михајло Младеновиќ и Марко Кизиќ.
Натпреварот меѓу Македонија и Грузија се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот.