Македонија загуби од Русија со 32-20 во вториот дуел од главната рунда на Светското првенство во Египет.
Селекторот Данило Брестовац вели дека лошиот пристап во мечот беше клучен за триумфот на Русите.
„Имавме лош пристап во првиот дел, лошо влеговме во мечот, ни се повторува ова по петти пат на ова првенство. Имаше добри моменти, имаше лоши моменти, но мислам дека првиот дел беше клучен за победата над Русија. Мора да биде пристапот посериозен. Дојдовме овде да учиме, битно ни беше да влеземе во втората рунда, имаме млад тим и секој натпревар овде е искуство плус“, вели Брестовац.
За Македонија ќе остане да го одигра уште дуелот со Белорусија в недела.