Селекторот на Македонија, Данило Брестовац очекува добро издание од неговите ракометари на денешниот дуел. На ракометарите им претстои нова пресметка со стариот познаник, Чешка, а ова ќе биде дуел кој може да ја промовира Македонија во учесник во втората рунда.
Веќе е добро јасно што и како ги очекува ракометарите бидејќи ривалот е познат, а селекторот има свое видување.
„Репрезентација која е пополнета на сите позиции. Нема да кажам ништо ново ако речам дека најголемата опасност доаѓа од Здрахала, Бабак, Печак. Нивната лева страна е моќна. Се работи за репрезентација која е солидна, но не и непобедлива. Редовно ни прават проблеми и секој натпревар со нив е нов филм, нова епизода. Очекувам дека нашите одбранбени играчи ќе најдат лек за Здрахала и Бабак кои се одлични индивидуалци“, рече Брестовац за 24 Ракомет ТВ.
Натпреварот против Чешка се игра од 16 часот во Штадхале во Виена.