Брестовац за 24Ракомет ТВ: Би биле среќни ако одиграме уште четири натпревари на ова ЕП (ВИДЕО)

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац имаше подолго излагање пред камерата на 24Ракомет ТВ. Тој зборуваше за денешната средба против Австрија и за она што значи овој натпревар за нас.

Покрај тоа коментираше и за настапот против селекцијата на Чешка, како и за комплетниот негов ангажман, критиките кои ги има особено од фановите…

Сепак, во моментов најважно е она што денеска ќе се случува во Штадхале во Виена каде што се очекува да биде видена одлична средба и да биде забележана победа која ќе ја однесе Македонија во вториот круг.

„Би биле среќни ако го добиеме овој натпреар и ако добиеме уште четири натпревари за да се продолжи овој сон на Европското првенство и да се оствари добар пласман“, коментираше Брестовац.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.