Селекторот Данило Брестовац на денешната прес-конференција го обелодени составот на македонската репрезентација за контролните натпревари пред настапот на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.
Тој ќе смета на 20 ракометари за дуелите против Словенија и Црна Гора, од кои потоа ќе одбере 16 или повеќе што ќе патуваат за Виена и ќе бидат дел од Европското првенство.
Од составот што играше со Кувајт, Алжир и Романија ги нема Михаил Аларов и Дејан Кукуловски кои и онака не беа во конкуренција за ЕП, а од оние што беа во потесниот избор отпаднаа Димитар Димитриоски, Томислав Јагуриновски, Дарко Георгиевски, Мартин Манасков, Дарко Димитриевски, Костадин Петров и Марко Кизиќ.
Список на ракометари:
ВЕЛКО МАРКОСКИ – Металург
МАРИО ТАНКОСКИ – Металург
МАРТИН СЕРАФИМОВ – Металург
МАРТИН ПОПОВСКИ – Пролет
ГОРАН КРСТЕВСКИ – Линц
ГОЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ – ЧСМ Букурешт
ДЕЈАН МАНАСКОВ – Веспрем
МАРКО МИШЕВСКИ – Гренобл
СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ – Вардар
БОЈАН МАЏОВСКИ – Еурофарм Работник
НИКОЛА МИТРЕВСКИ – Еурофарм Работник
НИКОЛА МАРКОСКИ – Еурофарм Работник
МАРТИН ВЕЛКОВСКИ – Еурофарм Работник
НЕНАД КОСТЕСКИ – Загреб
КИРИЛ ЛАЗАРОВ – Нант
БОРКО РИСТОВСКИ – Бенфика
ЖАРКО ПЕШЕВСКИ – Штутгарт
МАРТИН ТОМОВСКИ – Лудвигсхафен
ФИЛИП ТАЛЕСКИ – Балинген
ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ – Магдебург