Ракометната Федерација на Македонија потврди дека заедно со Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори.
Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година.
Македонија настапи на СП 2021 во Египет како прва резерва по откажувањето на Чешка. Нашите ракометари одиграа три мечеви во групата и двапати беа високо поразени од Шведска и Египет. По триумфот на Чиле се пласиравме во Главната фаза.
Таму одигравме уште три средби, и повторно бевме високо поразени од Словенија, Русија и Белорусија.
Притисокот врз Брестовац беше уште по ЕП во Австрија во јануари 2020 година кога репрезентацијата не се пласираше во втората фаза. Во квалификациите за ЕП 2022 година Македонија тргна одлично со триумф против Финска во Скопје и победа на гости во Швајцарија. Со тие две победи нашата репрезентација ја отвори вратата за пласман на ЕП 2022. Следуваат две средби со Данска, а потоа и со Финса во гости и дома со Швајцарија.