Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за следните натпревари од европските купови во сите конкуренции.
Браќата битолчани Михајло и Методија Илиевски, добија задача во Европскиот Куп во женска конкуренција.
Тие ќе го судат првиот четвртфинален меч меѓу Јувента Михаловце на Александра Коловска и полскиот Јарослав што се игра денеска од 16:00 часот.
Во Лигата на шампионите во женска конкуренција, Силвана Карбеска и Марија ќе бидат арбитри на двобојот меѓу Рапид Букурешт и Локомотива Загеб што е на програмата на 12 февруари од 18:00 часот.