Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за последните две кола од квалификациите за ЕП 2024 година.
Методија и Михајло Илиевски ќе судат на натпреварот меѓу Полска и Летонија, на кој домашната селекција е голем фаворит.
Овој дуел ќе се игра на 30 април од 18:00 часот, а делегат ќе биде Конпласти од Украина.
Работа ќе има и за двајца делегати. Драган Начевски ќе биде делегат на дуелот меѓу Србија и Словачка што ќе се игра на 30 април од 18:00 часот, додека Марјан Начевски ќе биде делегат на средбата меѓу Косово и Црна Гора на 27 април од 20:15 часот.