Македонските арбитри Методија и Михајло Илиевски добија нова евро задача од Европската ракометна федерација.
По одличната арбитража на ЕХФ шампионатот во Турција летоска, браќата Илиевски ќе судат на два натпревари од Европскиот Куп.
Тие ќе бидат арбитри на двомечот меѓу косовскиот тим Истог и португалската Маио Ада од второто коло во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Првиот меч се игра на 30 септември од 18:00 часот, додека реваншот е утредента, на 1 октомври во истиот термин.