Браќата Атанасијевиќ верни на Еурофарм Пелистер до 2025 година

Браќата близнаците, Петар и Павле Атанасијевиќ ја продолжиле својата верност кон Еурофарм Пелистер до 2025 година. Тие имаат корени од Битола и тоа е позната средина за нив во која се чувствуваат како дома.

Кога на сево ова ќе се додадат и одличните услови кои ги имаат во клубот за развој на кариерата, не почувствувале дека треба да заминат.

„Во септември потпишавме нови договори со Еурофарм Пелистер и остануваме во клубот до 2025 година. Сметаме дека ова е идеална средина за нас, која ни помага да се изградиме и како личности, но и како ракометари – професионалци. Сè до доаѓањето во Битола училиштето ни беше приоритет, но кога Еурофарм Пелистер ни понуди шанса, која не смеевме да ја пропуштиме ракометот дојде во прв план. Сега сме фокусирани на градење на ракометна кариера. Тука имаме можност за напредок, шанса да продолжиме во првиот тим и да продолжиме да растеме. Се надеваме дека во годините кои следат ќе успееме да ја освоиме шампионската титула со клубот затоа што тоа ќе биде идеален начин да се оддолжиме за сето она што го добивме тука. Или, пак, во поблиска иднина да покажеме дека Еурофарм Пелистер 2 е сериозна екипа која заслужува да игра во Европа“, велат браќата.

Целосното интервју со Петар и Павле Атанасијевиќ погледнете го во продолжение.

24rakomet.mk/интервју-петар-и-павле-атанасијевиќ-п/