Брат му си оди, но тој останува „зебра“ до 2025 година

Германскиот вицепрвак Кил на официјалниот веб-сајт објави за продолжување на соработката со данскиот репрезентативец Магнус Ландин.

Левото крило ја продолжи соработката со „зебрите“ до 2025 година. Братот на Никлас Ландин, кој на крајот на сезоната оди во Алборг, настапува за Кил од 2018 година.

„Кил е голем клуб, нашите навивачи се неверојатни, имаме одлична екипа, а пред нас стојат големи цели во иднина. Овде јас ги живеам своите соништа секој ден. Немав никакви причини да го прекинувам ова“, вели Ландин.

Данскиот репрезентативец досега одигра 206 натпревари за Кил и постигна 416 погодоци во сите натпреварувања. Има две титули во Бундес лигата со „зебрите“ и една во Лигата на шампионите.