Во братската пресметка во Битола, Еурофарм Пелистер очекувано ја однесе победата против втората екипа со убедливи 31:23 во рамки на 13. коло од плеј-оф групата во Супер лигата.
Избраниците на Жељко Бабиќ во првите минути имаа водство од 2:1, а во продолжението младата екипа на Еурофарм Пелистер 2 преку Атанасијевиќ Павле резултатски се одржуваше во игра. По десетина минути, резултатот беше 4:3 за Еурофарм Пелистер.
До крајот на првиот дел, поискусната екипа на „фармацевтите“ ја користеше секоја грешка на младата екипа предводена од Александар Јовиќ. На полувреме, Еурофарм Пелистер замина со предност од четири разлика, 14:10.
Второто полувреме помина во рутинска контрола на резултатот од страна на Еурофарм Пелистер. Втората екипа на моменти ги покажуваше своите квалитети, но немаше големи шанси за изненадување. Веќе во 42. минута, Еурофарм Пелистер се одлепи на 21:15 и до крајот немаше поголеми проблеми.
Во последните петнаесетина минути од натпреварот и двајцата тренери шанса им дадоа на ракометарите кои обично добиваат мала минутажа во суперлигашките дуели.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА