Бранеше за Вардар, Металург и Еурофарм Пелистер – сега влезе во кошаркарски води!

Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија, Филип Ивановски, реши да направи пауза од ракометната кариера и влезе во кошаркарски води.

Тој е избран за нов извршен директор на кошаркарскиот клуб Пелистер, кој најавува успешна приказна за претстојната сезона.

Чуварот на мрежата поради повреда на раката беше малку на теренот минатата сезона и реши да паузира од активно играње ракомет.

Ивановски во својата богата биографија покрај настапите за младинската репрезентација на ЕП, има запишано настапи за првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер, како и за Вардар, Металург, Охрид и Бутел Скопје каде што ја мина последната сезона.

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.