Бразилски шмек во Вардар – доаѓа левиот бек Леонардо Дутра!

Бразилскиот лев бек Леонардо Дутра Фереира, ќе биде првото засилување за македонскиот шампион Вардар пред продолжението, односно пролетниот дел од сезоната во Суперлигата.

Бразилскиот репрезентативец досега настапуваше во шпанскиот тим Ла Риоха, каде што дојде минатата сезона од полскиот вицепрвак Висла Плоцк со кој играше во Лигата на Европа.

Според шпанските медиуми Дутра треба да се приклучи на Вардар откако ќе заврши СП во Полска и Шведска каде на списокот на бразилскиот селектор се наоѓа и новопечениот вардарец.

Покрај левата бековска позиција, Дутра може да биде користен и на средната бековска позиција, каде што Вардар ги Мартин Карапалевски и Андреј Добрковиќ.

Претходно три сезони го носеше дресот на Куенка од Шпанија, каде беше меѓу најдобрите стрелци.

Дутра Фереира ќе формира одлично дуо со Филип Талески на левата бековска позиција, а Вардар има уште еден адут плус во одбраната на титулата во Суперлигата.