Репрезентацијата на Бразил во женска конкуренција одработе одличен натпревар на кој дојде до победа од 23:21 против домаќинот Јапонија.
Од оваа средба во прв план е пред è играта во одбрана која покажа завидно ниво на квалитет, а тоа воедно е и најава за убава Олимпијада на која ќе им биде тешко на сите противници.
Бразилките се во група со пет европски репрезентации. Противници се Русија, Унгарија, Шпанија, Шведска и Франција, а денешната средба е доказ дека никој нема да може да смета на лесни бодови против Бразил.
Првиот натпревар на игрите во Токио е на 25 јули, а противник е Русија.