Екипата на Металург останува дефинитивно без еден играч кој беше најавен и планиран како засилување за новата сезона. Бразилецот Енрике Тешеира одлучи да остане во Романија и денеска беше претставен од тимот каде што ќе игра.
Тешеира потпиша двегодишен договор за тимот на ЧСМ Букурешт со што дефинитивно е јасно дека Металург останува без потпис на еден квалитетен играч.
Добро е познато дека тој беше согласен да потпише за Металург, а како причина поради која останува во Романија се наведува бременоста на неговата девојка.