Десното крило Бојан Николовски, кое минатата сезона настапуваше за тимот на Металург 2, веројатно ќе го има првиот интернационален предизвик.
Николовски е во преговори со некогашниот европски шампион Гросшвалтат (1979 и 1980 година), кој сезонава од Третата Бундес лига обезбеди промоција во ранг погоре.
Вториот клуб кој е заинтересиран за услугите на десното крило е третолигашот Сарлуа, кој исто така посакува следната сезона да се врати во Втората лига.
Николовски потекнува од тимот на Ѓорче Петров, а покрај за Металург 2, долги години играше и за Пролет и Бутел Скопје.
Неговата сестра, Симона Николовска, е актуелна репрезентативка на Македонија и настапува за второлигашот во Германија, Ваиблинген.