Тимот на Охрид беше најмногу активен на трансферот и донесе многу нови ракометари пред стартот на новата сезона.
Еден од нив е искусниот ракометар од Србија, Владимир Бојаниќ, кој игра на пикерската позиција и кој во редовите на Охрид пристигна од шампионот на Турција, Бешикташ.
Бојаниќ ги сподели своите очекувања за новата сезона, во која неговиот нов тим ќе атакува на излез на европска сцена.
,,Мислам дека сезоната ќе биде многу тешка, сите екипи се изедначени и се надевам дека ќе избориме излез на европска сцена. Бидејќи дојдоа многу нови играчи, треба доста натпревари да се одиграат, да се воиграме и да видиме како стоиме со формата. Но, мислам дека сега како што работиме и тренираме, атмосферата е задоволителна и на нас останува да тренираме и да продолжиме понатаму. Реално, ние сме млада екипа и моите очекувања се дека ќе дојдеме до место во Европа. Атмосферата сега за сега и добра и така треба да остане. Останува на нас да тренираме и да работиме уште повеќе. Ги повикувам навивачите да не поддржат во што поголем број, да ни бидат ветер во грб од трибините, а ние ќе дадеме сѐ од себе на теренот да бидеме најдобри, бидејќи заедно можеме најмногу”, изјави Бојаниќ.
Екипата на Охрид, моментално, престојува во Маврово каде што го одработува вториот дел од подготовките пред стартот на новата натпреварувачка сезона.