Езерското дерби помеѓу Охрид и Струга заврши без победник. Во еден драматичен натпревар , на крајот двете екипи мораа да се задоволат со бод.
Кружниот напаѓач на Охрид, Владимир Бојаниќ вели дека денеска не им бил денот, но сепак не дозволиле гостите да се радуваат и да заминат со цел плен.
„Не знам што да кажам, имавме многу промашени зицер, нашите голмани не беа на ниво, како што беа претходно. Примивме 4-5 голови од пасивен напад, од четврти шут. Да се заблагодарам на публиката која не бодреше цело време, на моите соиграчи што не се предадовме кога губевме со три разлика. Имаме уште еден натпревар во купот и уште еден во Супер лигата, да ја завршиме оваа полусезона и потоа да се подготвуваме за предизвиците кои не чекаат на пролет”, изјави Бојаниќ.
Со освоениот бод екипата на Охрид го осигура пласманот во плеј-оф фазата, додека Струга пренесува максимални 3 бода во плеј-аутот.
Во последното коло од Супер лигата екипата на Охрид гостува кај Вардар Неготино, а пред тоа има обврска во купот, каде ги очекува дуел со Богданци.